Цела сала пееше заедно со Тамара на „Макфест“, а таа со солзи во очите (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Тамара Тодевска беше ѕвездата на вечерта на 34-то издание на „Макфест“. Таа ниту се натпреваруваше, ниту пак победни во вистинска смисла на зборот, но затоа буквано ја крена атмосферата на фестивалот во ревијалниот дел.

Публиката ја пречека со громогласен аплаус, а ја испрати на ист начин само со поголем интензитет и возбуда од приредениот мини концерт кој таа заедно со својот бенд го имаше пред присутните во Домот на културата во Штип.

Но, публиката која беше непосреден сведок како индиректно да и порача на Тамара дека заборавиле, простиле или пак преминале преку скандалите кои ја следеа периодов, а за тоа заслужни беа нејзините хитови, емотивната изведба и секако маестралниот вокал.

Тоа се чувствуваше, но веројатно на своја кожа најмногу го почувствува Тамара која призна дека ваквиот возврат од публиката ја тера да заплаче, а видивли беа и солзите во нејзините очи, особено по изведбата на еврозизиската „Proud“.

Целата сала заедно со Тамра во еден глас ги пееше и „Немирна“, „Седмо небо“, „Шила“, „Довидување таго“… и уште неколку свои како и макфестовски хитови коги таа ги сака, а ги изведе заедно со Роберт Билбилов кој ја придружуваше на клавијатура.

Емоциите извираа од секоја песна, секој стих, секој миг, особено што Тамара пред 28 години за првпат настапи на „Макфест“ заедно со Марјана и Росана, а токму за ваквото емотивно навраќање низ времето таа на својот Инстаграм напиша:

-Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша – Имаш ли трема? – Што е тоа трема?, и одговорив. Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија, напиша Тамара, а не се сомневаме дека токму на овој 34-ти „Макфест“ повторно и се случи магија за која ќе раскажува со истиот жар како за своето прво учество од пред 28 години кога беше дете.