Целиот свет се загрева, а една точка во Атлантскиот Океан станува се поладна

ИЗВОРСкопје24
|

Земјата станува се потопла од година во година. Температурите растат, климата се менува, се почесто има страшни пожари, дури и коралите изгинуваат поради претоплата вода во океаните.

Но, и покрај сето тоа, на Земјата има едно место кое од година во година е се поладно. На северниот дел од Атлантскиот Океан, јужно од Гренланд, НАСА откри ладна точка, која станува се поладна како што поминува времето. Податоците покажуваат дека површината на океаните во текот на изминатите 10 години е загреана за 1 степен Целзиусов. Тоа можеби не изгледа многу, но кога ќе се земе предвид колку се големи океаните, станува збор за огромна промена. Истовремено, ладната точка во Атлантскиот Океан се изладила за речиси 1 степен Целзиусов. Бидејќи површината на Атлантскиот Океан на тој дел е поладна од околината, го лади и воздухот над тој дел.

Научниците таа ладна точка ги заинтригира и открија дека е последица на климатските промени кои се случуваат во целиот свет. Но, што го предизвикало тој феномен? Научниците уште не се сигурни за точната причина. Во истражувањето кое го објавија во списанието Nature Climate Change наведуваат неколку можни причини.

Пред се, изгледа дека на појавата на такви ладни точки би можеле да влијаат струите на океаните. Тука се мисли пред се на Северноатлантската меридијанска струја, која топлата вода од тропските предели ја носи на север. Научниците сметаат дека дошло до забавување на струјата поради рекордното топење на глечерите на Гренланд, кои на северот на Атлантскиот Океан донесоа нова количина ладна слатка вода. Сепак, тоа не е доволно за да се намали соленоста на водата во океанот и да се намали густината, што влијае на движењето на струите и создавањето ладни точки.

На температурата на ладната точка влијаат и облаците. Поради поладната површина на океаните, се создаваат повеќе ниски облаци кои се густи и не ја пропуштаат сончевата светлина. Тоа значи дека површината на океанот под облаците не се загрева, односно ладната точка останува ладна.

Авторите на студијата истакнуваат дека иако забавувањето на Северноатлантската меридијанска струја има влијание врз појавата на овој феномен на ладни точки во океанот, вистинските причини треба да се бараат во климатските промени, кои го менуваат нашиот свет.

Извор: Dnevnik.hr