Цело богатство: Колку пари бараат познатите за една објава на „Инстаграм“?

ИЗВОРСкопје24
|

Естрадата е во криза поради здравствената состојба која го снајде целиот свет, и поради големиот број на настапи и концерти кои мораа да се откажат од истата причина. Меѓутоа, некои од познатите заработуваат добро благодарение на Инстаграм. Пејачите кои имаат голем број на следбеници одлично заработуваат преку рекламирање на одредени производи. Така, меѓу најплатени се Анастасија Ражнатовиќ, Теодора Џехверовиќ, Сека Алексиќ и Маја Беровиќ.

– Таша, Сека, Теодора и Маја имаат јасно дефинирани ценовници кои нивните соработници им ги нудат на заинтересираните клиенти. Објавувањето на ѕидот чини околу 2.500, додека за „Инстаграм стори“ тие бараат 1.500 евра. Цената за „Инстаграм стори“ е пониска затоа што останува на профилот само 24 часа, но многумина се одлучуваат за оваа опција затоа што има одличен ефект. Наташа Беквалац, која има околу 800.000 следбеници, зема 3.500 евра за објавата на ѕидот и бара 2.000 евра за „Инстаграм приказна“. Сите пејачи имаат и попусти доколку остварат долгорочна соработка со компанија или профил. Значи, најисплатливо е да се плати пакет од три месеци веднаш – вели за Информер, еден од соработниците на овие ѕвезди.

Меѓутоа, не сите објави се платени.

– Кога промовираат гардероба, тогаш најмногу се работи за компензација. Сека Алексиќ се смета за личност која најчесто се согласува на ваква соработка. Таа сака да поддржува мали брендови, па затоа често ги рекламира и тие и ги испраќаат своите производи. Нејзиниот профил изгледа буквално како топ шоп. Што би рекле луѓето, тие промовираат сè, од игли до локомотиви – објаснува соговорникот.

Реалити sвездите Кристина Кија Коцкар и Луна Ѓогани имаат „само“ 500.000 следбеници, но поради фанатичните обожаватели, нивните реклами одат одлично. Затоа брендовите не штедат пари за рекламирање.

– Кија и Луна имаат лизгачки цени. Некои најави наплатуваат 1.000 евра, други 2.000 евра. Понекогаш земаат повеќе пари. Нивните следбеници цело време ги следат, но ги следат и профилите кои тие ги тагнуваат“.

Никоја од нив не сакаше да го коментира заработувањето преку Инстаграм.

Светлана Цеца Ражнатовиќ зема дури 6.000 евра за да на Инстаграм испромовира одреден произвор но, според еден од нејзините соработници, таа работи само со докажани брендови.

– Цеца не дозволува да застане зад компанија за која не може навистина да гарантира. Таа не сака да ги дискредитира своето име и презиме поради парите, па затоа многу внимателно избира со кого ќе соработува. Сепак, на крајот добро го наплати огласот – вели соговорникот на Информер.

За разлика од Цеца, Лепа Брена и Драгана Мирковиќ не заработуваат од рекламирање преку Инстаграм.

Извор: Вистина.мк