Целосно затворен сообраќајот на уште една улица во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Град Скопје информира дека поради изведување градежни работи, од денеска од 7 часот утрово целосно ќе биде затворена за сообраќај улицата Индира Ганди, на потегот од крстосницата со булеварот Словенија до крстосницата со улицата Бутелски венец.

Овој потег на улицата ќе биде затворен до завршување на градежните работи.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи во рамките на проектот за реконструкција на улицата Индира Ганди, поточно поради финално асфалтирање на улицата.

Град Скопје апелира граѓаните да го почитуваат привремено воведениот сообраќаен режим и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Промени и воведен е и сообраќаен режим од денеска на делниците Петровец – Кадино и Кадино – Хиподром на автопатот А4 поради изведување градежни активности при поставување индуктивни јамки.

На патот Петровец – Кадино времениот режим ќе трае до 8 септември, а на патот Кадино – Хиподром до 12 септември, соопшти АМСМ.