Чешка полека станува омилена земја за Македонците што бараат работа

ИЗВОРскопје24
|

Чешка во моментов бележи рекордно ниска невработеност во рамките на Европската унија. Стапката е околу 3 посто, а тоа е една од најниските стапки на невработеност во историјата на Чешка. Потребна им е работна сила и се очекува голем пораст на платите.

Земји со најголема стапка на невработеност во Европа се уште се Грција, Шпанија, Кипар и Италија.

Поради недостаток на работна сила, Чешка пред неколку години имаше проблем дури и со превозот. Трамваите и автобусите доцнеа, па целата јавност бараше да им бидат качени платите на возачите. Но, и покрај постојаното качување на платите, работници едноставно недостасуваат, а потребата за нив е се поголема.

Во оваа земја едноставно има премногу работа, посебно заради автомобилската индустрија, но недоволен број на жители. Токму ова е причината што вработуваат работници од цела Европа, па и од кај нас.