Четири легенди на едно место: Игор ја објави последната фотографија со родителите, баба му и дедо му Прличко (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот актер, водител и шоумен Игор Џамбазов сите го знаат како вљубеник во природата, па затоа последниве неколку месеци, целото слободно време го користеше токлму во истражување на природните убавини на Македонија заедно со неговата сакана Илина.

Иако до пред неколку години воопшто не ги користеше социјалните мрежи, сега е многу активен на Инстаграм и постојано споделува многу интересни фотографии кои постојано ги радуваат неговите фанови.

Последната фотографија која тој ја објави ги воодушеви сите. Имено се работи за една легендарна домашна фотографија на која се наоѓаат четири легенди. Тоа е последната фотографија на Игор со неговите родители, неговиот татко, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, актерка Анче Џамбазова, но и неговите баба и дедо, Петре Прличко.

Како што истакна Игор под фотографијата таа е направена пред 27 години во далечната 1993 година и за краток период достигна повеќе од 4.000 лајкови, а под истата коментираа Калиопи, Тамара Тодевска, Весна Петрушевска….

„Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…“, стои во опис на фотографијата.