Четири ситуации кога не треба да пиете вода бидејќи во телото може да направите штета

ИЗВОРСкопје24
|

Сите знаеме колку водата е неопходна за зачувување на здравјето, како и дека се препорачува да се пијат 1,5 до 2 литри вода дневно.Но, верувале или не, постојат ситуации во кои водата може да му штети на организмот.

Откако добро ќе се најадете

Повеќето луѓе по обилниот ручек посегнуваат по чаша вода. Но, тоа е погрешно!

Во тој случај се јавува чувство на тежина во желудникот, надуеност, а може да се појави и болка во стомакот. Тоа е јасен знак дека нема повеќе место во него.

Веднаш по вежбањето

Сте се вратиле од трчање или од теретана и чувствувате огромна жед? Тоа е нормално. Телото преку потењето дихидрирало, бидејќи изгубило течност па нормално е да го бара своето.

Но, чаша вода сега не е добар избор. Ќе ве ослободи од жедта, но треба да знаете дека со обичната вода не можете да надоместите сето она што телото го изгубило со интензивното потење, на пример, натриумот и калиумот.

Затоа, потребно е да ги надоместите електролитите. Можете да се напиете кокосова вода или некој посебно формулиран напиток.

Ако веќе сте испиле многу вода

Иако ретко се случува, но можно е испиете толку многу вода што со тоа ќе го загрозите здравјето. Имено, преголемото количество испиена вода може да ја наруши рамнотежата на соли во телото, односно да предизвика дефицит на натриум.

Атлетичарите се добар пример. Кога во текот на трката (и после неа) постојано пијат вода, клетките во телото набубруваат па може да се појави главоболка, мачнина, повраќање, па дури и мозочен удар. Но, за тоа сепак е потребно да се испијат многу литри вода.

Ако вашата урина е проѕирна

Одењето во тоалет е добар показател дали пиеме доволно вода. Ако урината е бледо жолта како лимонада, тоа е показател дека сте испиле доволно вода, токму колку што треба. Ако забележите дека урината е проѕирна треба да намалите со консумирањето вода.