Четврта победа на Вардар во Лигата на шампионите: Вардар му одржа лекција на Мешков Брест

ИЗВОРСкопје24
|

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот и европски шампион славеше против белорускиот Мешков Брест со резултат 36:31.

„Црвено-црните“ имаа сигурен почеток во првите пет минути од мечот, поведоа со 2:0, потоа со 3:2 преку Чупиќ, но Белорусите покажаа исто така цврстина и возвраќаа кога беше најпотребно.

Чупиќ со вториот гол одново донесе минимално водство за Вардарци, а противникот влегуваше во низа грешки во своите напади, тоа го казни Скубе со својот првенец за повторно највисоки плус два во 10 минута од натпреварот (5:3).

После нова загубена топка на Мешков, Скубе му асистираше на Калараш за реализирана контра и позитива од 9:6 што го принуди гостинскиот тренер да побара тајм аут.

После третиот гол на Кристопанс на семафорот стоеше 11:9 во 17. минута, но Белорусите намалија од пенал, но истовремено и Чупиќ доби две минути исклучување.

Се одржуваше предноста од 1-2 голови разлика, а со четвртиот гол на Чупиќ таа повторно стана три за голема радост на трибините (16:13, 23. мин.)

Брза серија од три голови во серија на стартот од вториот дел преку Чупиќ, Шишкарев и Скубе за одлични 22:17.

Ниту на овој меч Гедбан и Кугис не задоволија, шанса доби дури и третиот голман Кизиќ кој ја крена уште повеќе со своите први одбрани и така расположената публика која ја даваше поддршката на овој дуел во СЦ „Јане Сандански“.

На 12 минути до крајот на пресметката Вардар имаше солидни 30:25 што најавуваше враќање на победничките патеки. До крајот само рутински се одработуваше задачата до четвртата победа во ЛШ.

Лига на шампиони, 6. коло

Вардар-Мешков Брест 36:31 (19:17)

Вардар: Гедбан (4 одб.), Кугис, Кизиќ (4 одб.), Дибиров 2, Чупиќ 7, Димитриоски, Калараш 5, Кристопанс 9, Дисингер 1, Скубе 6, Карапалевски, Стоилов 2, Горбок, Шишкарев 3, Кукуловски, Сикошек Пелко 1.

слободен печат.мк