Четврт пораз по ред – РК Вардар поразен од ПИК Сегед

ИЗВОРСкопје24
|

Вардар го претрпе четвртиот пораз во низа во ракометната Лига на шампионите и тоа од унгарскиот ПИК Сегед кој славеше во СЦ „Јане Сандански“ со 28-26.

Вардарци успешно го решија првиот дел и на пауза заминаат со 15-13, водство кое во продолжението го зголемија и во неколки наврати имаа плус три во второто полувреме. Можат да жалат што не победија или пак што не освоија минимум еден бод затоа што во поголемиот дел од натпреварот водеа и имаа контрола на резултатот. Меѓутоа при водство на Вардар од 20-17 гостите од Унгарија направија серија од 3-0 и дојдоа до 20-20, па од тука се сменија работите.

Дибиров и Јотиќ со по шест гола беа најефикасни кај македонскиот претставник, исто толку на спротивната страна дадоа Банхиди и Радивојевиќ.