Кристијано Роналдо за 9 милиони долари додаде нова скапа „играчка“ во неговата колекција

ИЗВОРСкопје 24
|

Гласините кои се ширеа минатата година дека Кристијано Роналдо го купил единствениот Bugatti La Voiture Noire за 18 милиони долари не беа точни.

Оваа година славниот фудбалер издвои 9 милиони долари за новиот модел на Бугати кој ќе го има во само 10 примерока. Ова е досега највисокиот по вредност автомобил што славниот фудбалер моментално го има во својата гаража.

Иако претходните гласини не беа точни, Роналдо нема никаков проблем да потроши половина од таа сума за новиот автомобил.