Циклонот РОБЕРТ со себе носи врнежи но и нестабилост со електрични празнења – детали

ИЗВОРСкопје24
|

Почнувајќи уште во понеделник облачноста ќе се зголемува и доцна попладне и навечер ќе има повремени локални врнежи од дожди тоа под влијание на циклонот РОБЕРТ. Ќе дува западен и југозападен ветер кој особено на запад и во Пелагонискиот регион ќе засилува на интензитет.

Веќе во вторник ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд на повеќе места а ќе дува и умерен ветер претежно од западен правец кој на запад и во Пелагониско повремено ќе биде засилен по интензитет. Локално се очекува развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во соната на нестабилноста. Локално не се исклучуваат ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследени со електрични празнења и услови за појава на град. За време на нестабилноста која локално ќе ја има се очекува да наврне и позначително количество на воден талог.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во итервалот од 19 до 25 степени додека во вторник поради РОБЕРТ истата ќе се искачува во интервалот од 15 до 24 степени.

За подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.