Човештвото со нов обид да пронајде живот на Марс (фото+видео)

|

НАСА ја лансираше сондата “Perseverance” која треба да слета на Марс во кратерот „Езеро“. Мисијата на НАСА – роверот од најновата генерација е потрага по знаци на живот и карактеризација на геологијата и климата на планетата за која редовно се плетат приказни дека содржи живи организми.

Американската вселенска агенција НАСА го лансираше досега најсофистицираниот ровер кој е произведен. Од него се очекува токму да го отвори патот кон идните мисии кои би имале и човечки екипаж.

“Perseverance” (роверот) е опремен со најсовремени научни инструменти, компјутерски можности за слетување и други модерни системи и инструменти. Интересно е и тоа што овој ровер ќе транспортира и дрон кој би требало да биде првото летало кое контролирано ќе лета на друга планета.

Со должина од околу 10 метри, возилото е воедно и најголемиот и најтежок ровер кој НАСА го испратила во вселената. “Perseverance” ќе треба да даде одговор на едно од клучните прашања – постојат ли микроби на Марс?

Слетувањето на роверот се очекува во втората половина од февруари 2021 година во кратерот „Езеро“ кој е широк 28 километри и за кој се претпоставува дека пред три или четири милијарди години бил полн со жживот.