Црвен аларм во Шпанија, најголемо невреме во последните 100 години (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во поголемиот дел од југоисточна Шпанија е прогласен црвен метеоаларм поради најобилните врнежи што го погодиле регионот во последните 100 години. Шпанската метеоролошка служба АЕМЕТ предупреди дека оваа област е во „исклучитечна опасност“ и дека се очекува дека ќе паѓаат и до 90 милиметри дожд за еден час и до 180 милиметри за 24 часа.

Најпрво невремето погодило град јужно од Валенсија, каде синоќа реката ги поплавила улиците. Речиси 3.000 литри дожд по метар квадратен паѓале во рок од 24 часа, што, како што пренесува АЕМЕТ, претставуваат најобилните врнежи од 1917. година.

Водата носела се пред себе, а висината на водата достигнала до покривите на куќите.