Црвен Крст со активности за справување со топлотниот бран во Скопје

|

Црвен крст на град Скопје ќе започне со активности на терен заради справување со топлотниот бран почнувајќи од денес во наредните три дена.

од Црвениот крст соопштуваат дека, согласно искуствата од претходните години, на терен ќе бидат мобилни екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи кои ќе патролираат низ градот Скопје и тоа во централното градско подрачје како и поголемите автобуски станици каде ќе се дистрибуират шипиња со вода за граѓаните.

За активностите ангажирани ќе бидат 12 волонтери распоредени во четири тима со четири возила. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.Во среда (29.07), четврток (30.07) и петок (31.07) мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10-16 часот.

– Со овие активности ќе се вклучиме во делот заштита на здравјето на граѓаните од нашиот град, со посебен акцент на превентивните активности и теренска активност на обучени волонтери од Тимот за одгoвор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, се наведува во соопштението.