Чудно но вистинито: Побарала развод по само три минути во брак

ИЗВОРСкопје24
|

Брачна двојка покренала постапка за развод на брак по само три минути откако го кажале судбоносното ,,Да” .

Причината за разводот е оправдана. Веднаш откако невестата се согласила и бракот бил прогласен , таа се сплеткала од венчаницата и паднала , а младоженецот пред сите гости и рекол дека е глупава и ја навредувал.

Тоа било доволно невестата да побара развод.

Со тоа , ова е најкус брак во историјата на Кувајт , каде што се случила венчавката.

Инаку , Кувајт е на прво место по разводи во регионот. Така, 60% од склучените бракови завршуваат со развод , а меѓу причините е и склучувањето бракови од интерес.