Чудо од дете: Четири држави го бараат синот на Шевченко да игра за нив

ИЗВОРСкопје24
|

Андриј Шевченко имаше блескава играчка кариера, сега е успешен и како селектор на Украина, а во семејството има и достоен наследник во синот Кристијан.

Тој е роден во 2006 година, еден ден откако Андриј постигна гол за Челси против Ватфорд, а моментно настапува за У13 екипата на Челси, бидејќи со семејството живее во Лондон. Игрите што „чудото од дете“ ги прикажува придонесоа тој веќе да добие понуди од четири различни земји да го облече дресот на нивната селекција за играчи до 15 години.

Едната е Англија, земјата каде е роден, втората Украина – државата на неговиот татко, а во трката интересно се вклучуваат и Полска и САД, бидејќи неговата мајка Кристен Пазик е позната манекенка со американско – полско потекло.

„Свесни сме за интересот, но се уште не сме разговарале на таа тема. Рано е, ќе одлучиме заедно, но последниот збор дефинитивно ќе го има Кристијан“ – изјави Андриј Шевченко.

Највозрасниот син на Андриј, Џордан Шевченко има 15 години и негов кум е Силвио Берлускони. Кристијан е втор по возраст, а по него поранешниот голгетер доби уште два сина, Александер и Габриел.