„Да ни е вака секој ден!“ – Жељко Самарџиќ и Горан Бреговиќ уживаат на јахта

ИЗВОРСкопје24
|

Есента ни е на прагот, но поради здравствената криза која го зафати целиот свет, се чини дека летото оваа година не го ни почувствувавме, па не е ни чудо што повеќето граѓани го користат и септември како месец за одмор на море. За среќа и топлото време сеуште добро не служи, па сеште се чувствуваат летните вибрации.

Така и пејачите од кај нас и Балканот, кои поради ситуацијата ги укотвија своите професионални бродови и летово речиси и немаа настапи или концерти, па поради тоа имаат повеќе време да си посветат на себе си и да се одморат од секојдневните проблеми.

Пејачот Жељко Самарџиќ деновиве заедно со Горан Бреговиќ уживаше на јахта и пловеа по Јадранското море.

Познатите музичари уживаа во морски плодови, вино и пловидба, па порачаа:
„На никој не му е поубаво од нас. Само да ни е вака секој ден. Голем поздрав од Бока Которска“, порача Жељко.

На ова со позитивни критики и поздрави се јавија и нивните колеги меѓу кои и нашата Калиопи, како и српската пејачка Неда Украден.