Дац на Фејсбук директно против Павле Богоевски

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот Драган Спасов Дац по признанието на пратеникот Павле Богоевски за набавка на масло од ка*абис, на социјалните мрежи напиша дека очекува негова оставка. Разговорот што Богоевски го водел со засега непозната личност од која ја вршел набавката на маслото, најверојатно, бил снимен од страна на таксист со кој се возел пратеникот.

„Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес-конференција на Миле Бошњаковски! Како што е ред, нели“, напиша Спасов Дац на својот фејсук- профил.

Спасов кратко време беше директор на Македонскиот народен театар, но по несреќниот настан што се случи во Кисела Вода каде со својот автомобил под дејство на а*кохол удри 27-годишна девојка, си поднесе оставка.

Актерот во текот на изборната кампања за претседател на една од трибините на премиерот Заев симболично му подари метла за најавените промени кои треба да ги спроведе кон функционерите поставени од актуелната власт.

Макфакс.мк