Дајте им моќ на своите деца: Овие петнаесет имиња значат „среќа“

|

Секој родител сака да му даде што е можно поубаво име на своето дете, а некои од нив веруваат дека нивното значење им дава моќ и среќа во животот па поради тоа одбираат имиња кои имаат посебно значење. Дооколку и вие сте еден од нив, задолжително продолжете со читање:

Во продолжение погледнете кои 15 детски имиња за девојчиња и момчиња во некои култури значат „среќа“ или „среќен“.

За девојчиња: Алиса, Едита, Дита, Алегра, Хана, Ада, Летиција, Уна, Беатрис и Аида. За момчиња: Едгар, Едуардо, Видор, Фелицијан и Арнан.

Женски имиња кои привлекуваат богатство и среќа

Се верува дека името, благодарејќи на својата енергија, може да влијае врз судбината на оној кој го поседува. Според верувањата имињата Ана, Викторија и Марина, се имиња кои привлекуваат богатство и благосостојба.

Жените кои го носат името Ана имаат повеќе сила од другите, тие се внимателни и упорни. Викторија, всушност како што го носи значењето и самото име, е победник. Способноста да ја анализира ситуацијата и да убедува, ѝ помага да ги оствари своите цели.

Марина се смета за природен водич. Не се плаши од големиот тим, напротив со него одлично се носи. Стилот на управување на Марина е оној вистинскиот.

Постои уште една група женски имиња, кои привлекуваат богати мажи во својот живот. Тука спаѓаат Анастасија, Злата и Софија.

Анастасија е секогаш жена која не цели кон богатство, но сепак стапува во брак со успешен и имотен маж. Судбината ѝ е наклонета и секогаш живее добро. Името Злата привлекува пари како магнет. Жените со ова име се секогаш успешни кога станува збор за финансии.

Името Софија го краси животната мудрост. Судбината им е наклонета на сите жени кои го носат ова име. Софија мудро ќе избере личност која е стабилна, па секогаш ќе има добар прилив на пари во домот, додека и таа самата ќе работи за богаството да се одржи и прошири.