Дали и кај вас едната нога ѕирка под покривката кога спиете? – Еве што значи тоа

ИЗВОРСкопје24
|

Многу луѓе додека спијат мораат да бидат малку откриени, односно барем едната нога мора да ѕирка надвор. Зошто го правиме тоа? Науката го нуди одговорот! Многу луѓе спијат со една откриена нога бидејќи така им одговара. Но, дали некогаш сте се запрашале поради што е тоа така?

За оваа навика постои научно објаснување и има врска со температурата на телото. Имено, кога температурата на телото е повисока, ние сме поактивни, а кога е пониска, полесно се изморуваме и заспиваме.

Значи, за да заспиеме мораме да ја снижиме температурата на телото, а нозете ни служат како ефикасно средство за разладување. Затоа, нареден пат кога се мачите да заспиете, извадете ја ногата надвор од покривката.