Дали и за колку ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку скенираните сметки?

|

Денес, директорката на УЈП, Сања Лукаревска информира добра вест за грачаните кои скенираат сметки, дека во наредниот период координирано со Министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то за физичките лица, подолг период се бараше зголемување поради нискиот праг на поврат. 

“Мерката „Мој ДДВ“ слави трет роденден. Со повратокот на дел од данокот на додадена вредност кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од наредната година од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот на ДДВ. Граѓаните наместо 1800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“”. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, стои во една од изјавите на Лукаревска.

Со  последните промени поради кризата повратот на ДДВ за македонските производи изнесува 20% за да се стимулира  купувањето на истите, а останатите се намалија и изнесуваат 10%.