Енергетската криза секој ден се повеќе притиска, сметките за струја се поголеми, а домот сепак останува недоволно затоплен. Доколку и вие се соочувате со ваков проблем, обидете се со овој трик кој нема да ве чини многу, а значително ќе го затопли домот.
Ставете алуминиумска фолија на задниот дел од радијаторот за да не ја изгубите топлината. На овој начин топлиот воздух ќе го пренасочите кон центарот на вашата соба.
Ќебиња и теписи
Ќебињата и теписите го спречуваат собирањето на студениот воздух во просторијата. Ако вашата изолација на подот не е добра, дури 10 проценти од топлиот воздух може да се апсорбира во студениот под. Теписите се одлични изолатори, а исто така ќе ви ги загреат стапалата.
Завеси
Наутро отворете ги ширум завесите и пуштете ја утринската светлина во собата. Повлечете ги завесите на сите прозорци пред да одите во кревет. Во повеќето домови, греењето е слабо или воопшто не постои во текот на ноќта, а завесите ќе спречат топлиот воздух да излегува низ прозорците на вашите соби. Завесите кои ги користите во зима треба да бидат што погусти, бидејќи така подолго ќе ја задржите топлината.
Украсете ги ѕидовите
Поставувањето огледала, фотографии и слики на ѕидовите ќе спречи загуба на топлина. Дури и подебел постер може да создаде дополнителен слој на изолација, кој ја зголемува температурата во станот и на тој начин ги спречува студените ѕидови да „впиваат“ топол воздух.
Исто така, се препорачува да не се загреваат ходникот и просториите што не се во употреба. Така, ќе спречите непотребно губење на топлина и ќе ја одржувате собата топла, пишува City Magazine.