Дали сте љубител на банани – што ќе се случи ако изедете три дневно

ИЗВОРСкопје24
|

Бнаните често се споменуваат како намирници во рецептите за домашни сладоледи, смути и други здрави задоволства. Покрај тоа, заради својата хранливост, бананите може да бидат одличен меѓуоброк кој подолго време ќе ве задржи сити.

Јадејќи секој ден по три банани во својот организам внесувате околу 1500мг калиум, но освен тоа, бананите обезбедуваат и низа здравствени придобивки. Но, сепак би требало да внимавате на количината на банани кои секојдневно ги консумирате и тој број никако не би смеел да биде поголем од три банани на ден.

Го намалуваат високиот крвен притисок

Три банани дневно значајно го намалуваат крвниот притисок. Бананите поради високиот процент на калиум, се најдобар природен лек за висок крвен притисок. Бананата, покрај високото ниво на калиум, содржи и малку натриум (2мг/100гр), па затоа има и диуретски ефект и помага при губењето на вишокот течности во организмот.

Го подобрува кардиоваскуларното здравје

Исхраната богата со влакна е добра за срцето, и како што веќе се знае, бананите се богати со влакна. Како дополнителна предност, специфичните видови на влакна присутни во бананата се поврзани со намалениот ризик од болести на срцето.

Го подигнуваат расположението и помагаат да се чувствувате подобро

Една банана има околу 27мг магнезиум, минерал кој помага за добро расположение и го подобрува квалитетот на сонот. Ако имате ниско ниво на магнезиум во телото, можно е да страдате од тегоби, раздразливост, депресија и други пореметувања.