Дали знаете колкава пензија зема Лепа Лукиќ? Примањата на кралицата на фолкот се над сите стандарди

ИЗВОРскопје24
|

Кралицата на фолкот Лепа Лукиќ секој месец има пензија од околу 180 илјади српски динари, пишуваат српските медиуми.

Легендарната пејачка може да се пофали дека после толку години пеење се стекнала со услови за да живее мирно, без да се плаши за својата егзистенција.

Лукиќ на државата и плаќала допринос за здравствено и пензиско осигурување, и врз таа основа сега има примања од 30 илјади динари.

Во 2011 година добила и национална пензија за допринос во културата која на месечно ниво изнесува 45 илјади динари. Најмногу примања пејачката добива од Канада. Таа во Канада е во пензија со години и истата изнесува 1.300 долари или околу 900 евра.

Лепа поради оваа пензија мора да иде во Канада на секој шест месеци. Многумина се прашуваат зошто толку често таа патува, но сега е откриена причината. Сигурно таму таков е законот, но на Лепа тоа не и е проблем за да ја промени средината и се одмори, вели извор близок до пејачката за српските медиуми.

Инаку Лепа Лукиќ во моментов е во Канада и таму ќе остане до средината на февруари. На 16ти јануари ќе го прослави својот 80-ти роденден. Пред Канада беше во Чикаго каде пееше за дочекот на Новата година.