ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: Сакам Давид да расте со игра во природа, а не со мобилен телефон во рака!

loading...

Даниел Кајмакоски после мала пауза повторно се враќа на музичката сцена. Причината за неговото отсуство беше оправдана, минатата година стана татко, па поради тоа реши да ја стави кариерата во втор план и да му се посвети на синот Давид за кој вели дека во целост му го променил животот и го направил подобра личност.

Тој го криеше својот приватен живот, па не зборуваше многу за својата љубов, па токму веста дека ќе се жени и ќе стане татко ги изненади многумина.

Синот на Кајмакоски во февруари ќе наполни две години, а се повеќе личи на неговата мајка односно сопругата на Даниел.

“Откако се роди Давид мојот живот доби комплетно нова димензија. Уживам во времето кое го минувам со него и максимално сум му посветен. Многу сме блиски и поврзани, се трудиме колку можеме почесто времето да го минуваме во природа, играме игри, сакам да има детство какво што сум имал и јас, без мобилни телефони и технологија”, вели Кајмакоски кој во септември ќе промовира нов проект.

“Оваа пауза ми требаше, но од септември се враќам на кариерата. Веќе сум во преговори за нови песни и материјал, па наскоро ќе ги изненадам фановите со новитети”, вети миленикот на публиката ширум екс Југославија кој се прослави со победата во “Икс Фактор”.