Даниел Кајмакоски сподели радосна вест: Пејачот по втор пат ќе стане татко (ФОТО)

|

Победникот на Х Фактор Адрија, нашиот пејач Даниел Кајмакоски со фановите сподели убава вест, а тоа е дека наскоро ќе стане татко по втор пат.

Тој преку својот профил на Инстаграм ја сподели оваа радосна вест и доби еден куп позитивни коментарии честитки.

Имено, Кајмакоски сподели фотка од неговата избраничка и идна мајка, со кој се ожени пред неколку месеци, но се уште не го открива нејзиниот идентитет.

На фотографијата таа е седната на столица, а со рацете го допира веќе нараснатиор стомак.

„Кога љубовта се претвара во живот, среќата добива едно име. Чекајќи го нашиот мал човек“ – стои како опис на фотката.

Инаку пејачот ќе стане татко по втор пат. Тој веќе има го има синот Давид кој го доби од бракот со Кристина Димитри.