Даниела и Петар Грашо по 24 годишна врска се разделија – а сега пејачката откри зошто никогаш не се венчала со него

ИЗВОРСкопје24
|

По 24 годишна врска им заврши љубовта на Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо, а она што сите ги интересираше тогаш беше зошто најхармоничниот пар не се венча. Пејачката одамна во едно интервју говереше на оваа тема, зошто никогаш не се венчала со него.

„Мислам дека е клише, фиока во која некако сите се обидуваат да ве турнат, тешко ми е да зборувам за тоа, ние сме во врска со години. Ние само ја живееме нашата љубов и сакаме да ја држиме подалеку од медиумите и јавноста. Штом облеков нешто бело, медиумите го прогласија за венчаница. Порано ме нервираше, но сега веќе знам кога и што можам да очекувам, па подготвена сум на реакции. Всушност, работата е многу едноставна, нема да се венчаме и тоа е нашата конечна одлука. Самата помисла за тоа предизвикува клаустрофобија кај мене, се’ друго е убаво и слободно.

Отсекогаш сакав да бидам храбра и различна, да не се заглавувам во стандардите. Мило ми е што сум верна на себе“ – раскажа Даниела.