Дара Бубамара за фустан потрошила неверојатни 5.500 евра – Пејачката ужива во Париз

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Дара Бубамара отпатувала во Париз, па издвоила вртоглава сума пари за новогодишна тоалета.

Пејачката Дара Бубамара ужива во Париз со синот Константин, кој инаку е француски државјанин, а оваа посета ја искористи за да му го продолжи пасошот, но и да се почести со скапа комбинација на облека за новогодишната ноќ.

– Дара целосно полуде по тесен краток црн фустан со кристали од дизајнерската модна куќа „Ив Сен Лоран“, кој чини неверојатни 5.500 евра! Со оглед на тоа што во Париз има бутик на овој реномиран моден бренд, а со оглед на тоа што сигурно планирала да отпатува поради приватни обврски во градот во кој некогаш живеела со бившиот сопруг и синот, решила да го спои убавото и корисното – изјавил извор за Ало.

Самата пејачка откри дека секогаш е среќна што се враќа во Париз, каде некогаш живеела.