Дара и Каја признаа зошто се развеле, а поради одговорот на Анабела нема да знаете дали да се смеете или да плачете

ИЗВОРСкопје24
|

Катарина Каја Остојиќ, Дара Бубамара, Миа Борисављевиќ и Анабела Буква беа гостинки во емисијата на Огњен Амиџиќ каде отворено зборуваа за разводите и причините.

„Можеби досада, каприц… но Милан за мене е татко Бог, го почитувам и многу го сакам“, рекла Дара.

„Задруга 1, 2 и 3. Не сум единствена која се развела поради реалити шоу“, рекла Анабела.

„Кога нема љубов, залудно е се“, додала Каја која неодамна стави крај на третиот брак.

Инаку, пред неколку дена Анабела Атијас призна дека веќе месец дена е разведена од сопругаот Атанас, со кого беше во брак седум години. Српската пејачка пред камерите на „Магазин ИН“ го сподели болниот пекол кој го преживеала откако дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

„Ова е првпат вака во живо да зборувам. Постои една нераскинлива врска меѓу нас двајцата иако ќе продолжиме да живееме по сопствените патишта во иднина, тој веќе започна со својот пат. Јас морам да признам дека со денови се чувствував како некој да ми умрел. Ниту еден маж не ме освојувал како тој, но сепак тоа е што е.“, изјавила пејачката.

Пејачката додека сето ова го раскажувала била со насолзени очи, а гласот и треперел на секој кажан збор.

Анабела Атијас или попозната само како Анабела е популарна српска пејачка.  Таа ја започна нејзината кариера во 1993 година, како дел од дуо групата Фанки Г, заедно со нејзиниот сопруг Гаги. На 29 април 2009 тие се разведоа со што Анабела ја напушти групата и започна соло кариера.