Дарко Панчев ги омаловажи европските титули на РК Вардар

|

Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев за српските медиуми даде интересна изјава кога се во прашање европските титули на Вардар.

Тој изјави дека титулите немаат голема вредност, бидејќи ракометот не може да се споредува со фудбалот.

Да го споредувате ракометот со фудбалот е исто како да споредувате професор од средно школо во Скопје со Ајнштајн. Па кој гледа ракомет во Европа? Македонците се желни за успех – ако играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, таа би била полна. Но кога сте виделе во школски двор да се соберат десетина деца и да играат ракомет?! Денеска не играат ништо, можеби понекогаш фудбал или кошарка, изјави Панчев.

Извор: lider.com.mk