Дарко Панчев наполни 55 години, а семејството му направи прекрасно изненадување (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во својата кариера освои скоро се’ што можеше да се освои во фудбалот. За Дарко Панчев, легендата на југословенскиот фудбал и играч кој на Црвена ѕвезда ѝ ја донесе титулата европски шампион и ја освои златната копачка на Европа, скоро и да нема нешто што не е напишано. Тој е нашата гордост и останува запишан во историјата како фудбалерот со број 9, еден од најдобрите на Балканот и пошироко.

Дарко пред неколку дена наполни 55 години, а роденденот го прослави со најблиските. Имено неговата сопруга и ќерките му приредија изненадување со преубава торта.

– Оваа година, сине ние си ги прославивме родендените сами во ко*она услови, со надеж дека до година ќе биде подобро. Да си ни жив и здрав тато уште многуу години- напиша Маја Гроздановска Панчева,

Дарко активен е колку може во спортот, активно ги следи спортските случувања, ама во неговиот кафе бар постојано е во друштво на големи регионални ѕвезди кои и денес му симнуваат капа. Со сопругата Маја имаат една многу подруга работа од нивната стандарна, а таа е да бидат добри родители на двете ќерки и да ги изведат на вистински пат.

– Мислам дека со Маја заедно, ќерките Надица и Марија ги учиме на нормални животни вредности. Да прават добри работи и да ги почитуваат постарите – изјави Панчев во претходно интервју.

Извор: Женски магазин