Дарко Спејко откри колку му плаќаа за учеството во „Задруга“

ИЗВОРСкопје24
|

Во трета сезона на реалното шоу „Задруга“ имавме прилика да го гледаме и Македонецот Дарко Спејко кој во шоуто беше околу еден месец.

Во текот на негово учество тој успеа да се „сплетка“ со една од учесничките Тара Симов за која откри дека има симпатии.

Меѓутоа, Спејко не успеа многу да се снајде во „Задруга“, па по еден месец го напушти шоуто.

Тој истакна дека влегол во ера на бремени жени и кога главна тема била Миљана Кулиќ, а токму на оваа тема тој немаше и некој став.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Спејко проговори за новото искуство и за поминатитот период во студиото на Шимановци.

Имено, Спејко вели дека не се точни шпекулациите дека намерно го избркале и дека се е наместено.

„Категорично да ги демантирам гласините дека нешто може да биде наместено во „Задруга“, не е. Се е онака како што изгледа“ вели Спејко.

Тој проговори исто така какво е чувството кога во една соба спијат 50 луѓе, па откри и дали има симпатии кон некоја девојка.

„Па, таму и нема некој избор. Не сте ги виделе во живо, но Ива е топ. Таа има супер градба, но не ми се допаѓа нејзиниот начин на размислување“ вели Македонецот.

На прашањето дали е точно дека во „Задруга“ земаат големи хонорари, Спејко вели:

„Мојот месечен хонорар изнесуваше како да работам во Авганистан“ вели кумановецот, а на прашањето дали е точно дека Миљана Кулиќ зема најголем хонорар, тој кратко одговори дека нејзиниот хонорар изнесува како две авганистански плати.

Во зависност од работната позиција и комапнијата, платата во Авганистан може да изнесува од 1000 долари па нагоре, а колку точно заработил Спејко не знаеме.

Спејко исто така најави дека неговиот договор со продукцијата трае една година, па можно е повторно да се врати на добро познатиот терен.

Инаку, по излегување Спејко го промени личниот изглед односно сега е без брада која беше и негов заштитен знак.

За потсетување, Дарко во 2015 година победи во реалното шоу „Големиот брат“.