Даваат и стан: Oвој град нуди 10.000 долари да се преселите таму

ИЗВОРСкопје24
|

Tулса во Оклахома нуди 10.000 долари, и стан за сите оние кои планираат да се доселат и да живеат година дена.

Проектот „Tulsa Remote” на Фондацијата на семејството на Џорџ Кајзер сака да донесе инвеститори во градот, кои сакаат да ја развиваат својата работа.

Секој кој ќе се досели ќе добие 10.000 долари, прво 2.500 долари за преселба, па потоа 500 долари месечно до 1.500 долари на крајот на 12 месеци.

Луѓето кои ќе се доселат ќе живеат во нов стан со 33% пониски комуналии.

Град на преубавиот италијански остров нуди бесплатни куќи, ама тоа не е сè: Може да добиете и пари

Во последнава година, сè повеќе број на гратчиња во Италија, особено оние на југот, нудат бесплатни куќи или пак куќи за само едно евро за да привлечат поголем број на жители.

На таа низа на гратчиња се придружи и Камарата, преубаво средновековно местенце на Сицилија чии жители веќе со децении се намалуваат.

Властите на Камарате, отишле чекор понапред па од идните станари не бараат ниту едно евро колку што е потребно за дом во споменатите места. Во Камарата куќите се целосно бесплатни.

Како што објаснил градоначалникот Виченцо Џиамброне за американскиот Си-ен-ен, претходните три гоини ги поминал барајќи сопственици на напуштени куќи и ги убедувал да ги предадат своите куќи на новите станари.

„Не можам да поднесам овој прекрасен, стар историски центар да биде празен и да се претвори во пропаст. Тоа ме боли“ – изјавил градоначалникот.

Според неговите зборови, во градот има околу сто слободни куќи, а наскоро ќе има уште повеќе. Моментално идните нови жители на располагање имаат околу десеттина домови.

Новите жители ќе мора да исполнат неколку услови – ќе мора да потпишат дека ќе го реновираат домот во рок од три години откако ќе го купат како и дека ќе уплатат депозит од 5.000 евра кој ќе им биде вратен кога работата ќе биде завршена.

Предност имаат млади парови со деца, додека пак оние кои ќе добијат деца таму ќе добијат и бонус од 1.000 евра.

Новите сопственици ќе можат да го претворат домот во куќа, хотел, пансион, продавница па дури и ресторан.

Камарата се наоѓа на околу 60 километри југоисточно од Палермо и 35 километри од Агриџента. Гратчето е сместено на 600 метри висина на истоимената планина.