Два дена без престан врне дожд во Албанија, повеќе градови под вода – во Србија 40 cm снег

|

Влажната воздушна маса која се повеќе присигнува и во нашата земја, веќе два дена носи обилните дождови во Албанија кои пак предизвикаа поплави и направија големи проблеми во Скадар, Леж, Ѓирокастро, Елбасан, Драч.

Во Леж дошло до одрон поради што неколку семејства биле евакуирани, а оштетени се и некои патишта, пренесува албанскиот портал “Егзит”.

Реката Дрим се излеала од коритото и ја поплавила околината, а моментално под вода се 970 хектари земјиште во Леж и Курбин, додека најтешка е ситуацијата во областа Задрима. Под надзор е вештачкото езеро Каљмен.

Во Драч се излеале реките Езен и Ишем и ги поплавиле каналите, земјоделските површини, куќите, патиштата и продавниците. Скадар е исто така поплавен, многу куќи и ораници, а патот Обот е во блокада. Во градот нема ни струја поради лошите временски услови.

Пријавено е дека пораснало нивото на езерото Скадар на Албанската страна. Во Ѓирокастро патниот сообраќај е во прекин како и во Елбасан каде на неколку места дошло до одрони.

Во Србија пак снег со часови вее во неколку региони, најмногу во Ужице, Пожега, Чачак, Ивањица. Во реонот на Ужице снег паѓа од синоќа на повисоките места, а од денесака на утро и во пониските места. Висината на снежната покривка на планините достигна и до 30 см.

Во Краљево паѓа замрзна снег. На планините околу Ивањица наврнале околу 40 см снег. Во источниот дел на Србија снегот кој паѓа не се задржува на коловозите заради претходниот врнежи од дожд и температурата која е околу 0 степени. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите од снег ќе ја зголемат снежнаа покривка за 15 до 30 см.