„Децата го исцицаа животот од мене“: Познатата актерка зборува искрено за мајчинството

ИЗВОРСкопје24
|

Додека другите се фалат со улогата на мајка, оваа актерка ја прикажала вистината

Бруклин Декер не е една од оние актерки кои се фалат со изгледот по породувањето, таа дури не се фали ни со своите деца.

„Децата го исцицаа животот од мене. Зад себе оставија вреќа коски. Не знам што друго да кажам. Ми недостигаат моите гради, сега не знам ни како да ги наречам“, искрено напишала актерката.

Многу мајки се пронашле во коментарот на славната актерка, па почнале да ѝ даваат поддршка со зборовите: „И јас се чувствувам токму така“, „И мене ми се случи тоа“ и слично.

„Смешно е што немав време да купам нов градник, сега тие се како празни школки од мојот претходен живот. Дневен потсетник на тоа што сум била некогаш“, се пошегувала Декер.

Бруклин (31) има два сина: Хенк (3) и Стивен (1) со поранешниот тенисер Енди Родик.

Исто како и нејзината најдобра другарка Криси Тајген, Бруклин го прикажува мајчинството брутално искрено.