Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) неодамна поднела барање за забрана за задржување на нејзиниот најнов демнач, а во понеделник тоа барање било прифатено, пишува Page Six.
Така Ким 5 години добила заштита од човек по име Андре Персауд, кому му било забрането да има било каков контакт со ѕвездата и какво било приближување на 100 метри. На Андре исто така не му е дозволено да поседува никакво огнено оружје, а тоа што го поседува морало да и биде предадено на полицијата.
Според Ким, Персауд дошол во нејзиниот дом три пати во август и рекол дека е вооружен, а двајцата комуницирале телепатски. Кардашијан била загрижена дека демначот може да стане физички насилен кон неа и нејзиното семејство, па веднаш ги презела неопходните мерки за да ги заштити сите.
На судењето беа присутни членови на нејзиниот адвокатски тим, но не се знае дали и Ким присуствувала на судењето.