Дејан Манасков откри: Си фатив девојка за сериозно

ИЗВОРСкопје24
|

Ракометарот Дејан Манасков важи за еден од најпосакуваните ергени во Македонија.

Левото крило на Веспрем иако ретко зборува за својот приватен живот, за првото издание во новата есенска сезона на ТВ магазинот „Бекстејџ“, реши да направи преседан и откри интересни детали поврзани со неговиот емотивен статус.

Па така, гледачите имаа можност да дознаат дека ракометарот преку „Инстаграм“ запознал и си фатил девојка за сериозно.

Што се’ друго откри Манасков погледнете во видеото во продолжение: