Ден потоа – покриена велосипедската патека што минуваше низ автобуска постојка

loading...

Откако граѓани реагираа за решението во Скопје за поставување автобуска постојка среде велосипедска патека, ден подоцна нема ни знак ни трага од патеката – освен очигледниот асфалт со која е покриена.

Вчера од иницијативата „На точак“ побараа точно да се лоцираат местата каде се греши, за да не се случуваат и понатаму вакви трагикомични ситуации.

„Како не им текнува автобуска постојка да постават сред коловоз? Како им текнува да направат пешачка патека на која не можат да се разминат ни двајца, а не им текнува да направат помалку или потесни ленти за автомобили? Како им текнува да направат ниша за автобусот за да не успоруваат автомобилите, но не им текнува дека потребни се комотни услови за тие што чекаат автобус? Сфаќате ли дека тоа е всушност разликата, зошто во Скопје се возат доминантно автомобили? Зашто за автомобили се почитуваат сите стандарди и се тежнее кон максималните, а за пешачење и возење велосипед, за користење јавен превоз – ни минималните“, реагираа вчера од иницијативата.

Извор: Радиомоф.мк