„Денес е се’ што имаме“ е мотото по кое се води нашата позната пејачка, а исто така тоа е и нејзина главна девиза кој ја води низ секојдневието.
Слобода, лето, море, сонце… уживање на сите сетила што животот ни ги овозможува.
Како по некоја традиција, пејачката Андријана Јаневска секое лето редовно објавува фотографии од дестинацијата на нејзиниот семеен летен одмор, но поголемиот фокус е ставен на нејзиното згодно тело.
Од секаква перспектива, тоа што Јаневска е една од најзгодните познати мајки, не може да не се забележи.
А кога нешто е убаво, вреди и да се види и покаже. Овие топли летни денови, пејачката ужива на плажа покрај море, а хедонизмот од избраната локација покрај вода и песок, им ја покажа на следбениците на Инстаграм.
Мора да се признае дека иако е мајка на две дечиња, таа изгледа совршено особено кога во фокусот се нејзините долги и тенки нозе како на манекенка.