Денес е спомен на Светиот маченик Нестор: Храбар ученик на свети Димитриј Мироточивиот

ИЗВОРСкопје24
|

Во времето на стр*дањето на свети Димитриј Мироточивиот, во Солун живееше еден млад човек по име Нестор, којшто на верата се научи од самиот свети Димитриј. Во тоа време, христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор, Лиј секојдневно ги пре*звикуваше на мегдан луѓето и ги уб*ваше.

Крв*лочн*ста на овој Лиј го развеселуваше крв*лочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи посебна сцена, како една тераса на столбови. Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре. Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја. Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата сè додека не издивне.

Меѓу невините ж*тви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие уж*сни разоноди на незнабожечкиот народ, на свети Нестор му се кин*ше срцето од б*лка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но, претходно отиде во затворот кај свети Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе п*страдаш.“ Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе з*гине и го одвраќаа од борбата. Но, Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош Нестор го совлада Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо ум*е. Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгн*ви на Нестор и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го уб*ја со меч, а Димитриј го изб*доа со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Преподобен Нестор Летописец

Во својата седумнаесетта година стапи во Киево-Печерскиот манастир, уште додека беше игумен свети Теодосиј. Ја напиша првата историја на рускиот народ, во којашто ја вплете и историјата на руското подвижништво. Се одликуваше со необично смирение и кротост. Во своето славно книжевно дело често се нарекува себеси недостоен, груб, незнајко, преисполнет со секаков грев. Но, Бог Којшто ги познава човечките срца, го прослави овој свој прекрасен угодник. Кога Нестор се упокои, на 27 октомври 1114 година, од неговите мошти се извршија многубројни чуда.