Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Автоном: И после 200. години мнозина болни добија здравје од светите мошти

ИЗВОРСкопје24
|

Православните христијани денес ги слават Светиот свештеномаченик Автоном, Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари, Светиот свештеномаченик Корнут, епископ Икониски,Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул…

Се оддалечи во времето на гонењето на Диоклецијан од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на Светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабошците и тие еден ден јурнаа во црквата на Св. Архангел Михаил во Сореос и за време на богослужбата го отстранија Автоном во олтарот, а и многумина други христијани во храмот. Во времето на царот Константин, на гробот на Св. Автоном подигна храм некој царски големец Севиријан. Двесте години после своето заминување Св. Автоном му се јави на еден војник по име Јован. Тој Јован ги откопа моштите на светителот и ги најде сосема нетлени. И мнозина болни добија здравје од светите мошти. Така, Бог го прослави оној кој Него Го прославуваше за време на животот на земјата.