Денес ги има најскапите модели, а во минатото Цеца се мачеше со овој стар автомобил (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Една од најпопуларните пејачки во регионот фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражантовиќ денеска е позната по луксузниот живот кој го живее, па медиумите постојано известуваат за најновиот модел од некоја брендирана облека, луксузен дом , автомобил, накит и што уште не.

Во изминатиов период беше актуелна со скапите и луксузни работи кои ги купи за својот прв внук, при што многумина забележаа дека пејачката не штеди кога се работи за нејзините најмили. Но не секогаш било така.

Цеца дене освен со богата кариера може да се пофали и со богата гаража и возен парк вреден стотици илјади евра. Таа токму за време на оваа криза неодамна се поднови со нов автомобил вреден близу 140 илјади евра, но на почетокот на кариерата возела доста скромен автомобил.

Доказ за сето тоа е фотографијата која овие денови кружи на социјалните мрежи, а на неа Цеца среќно позира на почетокот на својата кариера пред својот автомобилот „Мазда 626“ кој потоа ја изнамачи пејачката бидејќи често се расипуваше.