Денес им е именден: Какви се тие кои се викаат Јована и кое е значењето на ова име?

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска според календарот на МПЦ се празнува името и делото на Свети Јован Крстител, па така именден слават сите оние кои го носат неговото име – Јован, Јована, Јоана, Јовица, Јанкула…

Како што знаеме според денешниот празник името Јована има библиски корени. Името има исти корени со Ивана и Јана, со исти корени и со исто значење, изведени од името Иван женска словенска фотрма од грчкото машко име Јоханес односно Јован и значи „Бог е милостив“.

И навистина, личноста со име Јована е исклучително дарежлива душа која е подготвена да ја даде целата своја љубов, нежност, внимание и искреност, сè додека луѓето околу неа кои ја сакаат се среќни и задоволни, тогаш нејзиното срце е полно и знае дека направила една неверојатно одлична работа затоа што помогнала некому и направила еден момент од нивните животи поубави.

Неколку факти за личностите со име Јована: тие се многу паметни, лесно учат и брзо стекнуваат ново знаење, затоа што се интелигентни и високообразовани, тие се многу „живи“, енергични, оптимистични и секогаш во движење, па не можат да издржат да им биде досадно и многу се сакаат авантури, жените со име Јована се големи гурмани, сакаат храна и гурманска храна, тие никогаш не држат диета, а најмногу од сè сакаат чоколадо и слатки, тие се предодредени за големи дела и успеси, тие се многу вредни и добро знаат што сакаат „во животот“, никогаш не се откажуваат и се одлични бор ци за нивните идеали и цели.