Денес ќе имаме желба да се активираме, покренеме, излеземе од топлите домови и да уживаме: Дневен хороскоп (09.11.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

Месечината во знакот на Овен го одбележува овој викенд, кој нуди можност да започнете неколку нови свежи и нови работи во животот. Енергијата расте, така се зголемува желбата да се активираме, покренеме, излеземе од топлите домови, да се разбудат заспаните и „завиткани“ тела и да уживаме во овој убав ноемвриски ден.
Имајте убав ден.

Овен


Работа: Имате добри идеи и реална проценка, но не добивате доволно очекувана поддршка во кругот на соработници. Некој поставува погрешни прашања или има различни деловни интереси.
Љубов: Се грижите да разберете нечии емотивни намери, но има различни сигнали што ве збунуваат и оставаат чуден впечаток кој не можете лесно да го толкувате.
Здравје: Ќе ви годи прошетка или спортска активност.

Бик


Работа: Големата упорност во моментот не носи целосно позитивен ефект во средбата со соработниците, затоа променете ги оригиналните тактики.
Љубов: Не можете лесно да ја убедите саканата личност да се премисли или да одлучи за некои заеднички планови што ги имате.
Здравје:Важно е да се ослободите од некои непотребни грижи.

Близнаци


Работа: Потребна ви е огромна енергија и поддршка за да ги завршите сите закажани задачи навреме.
Љубов: Вие поставувате излишни прашања на некој близок и на тој начин само индиректно предизвикувате ново сомнение. Нема причина за дополнителна загриженост која ја чувствувате.
Здравје: Обрнете внимание на вашите здравствени можности.

Рак


Работа: Некој ги потврдува вашите очекувања во деловната соработка. Меѓутоа, немојте да бидете премногу лекомислени пред различни соработници, затоа што нечии зборови не даваат доволна гаранција за долг период.
Љубов: Среќата е на ваша страна сè додека постои заедничка желба да се зачува емотивната блискост. Додека тоа постои, нема потреба да се грижите!
Здравје: Избегнувајте прејадување.

Лав


Работа: Важно ви е да ги решите новите недоразбирања, но немате доволно доверба во одредени соработници. Некој ви нуди добра деловна можност, но во исто време очекува и контра-услуга.
Љубов: Покажете дека имате силна волја и некои скриени адути кога најмногу ви требаат. Непотребно претерувате со вашите сомнежи.
Здравје: Повеќе одете на прошетки.

Девица


Работа: Се обидувате да го наметнете вашето влијание во друштво на соработници. Сепак, постојат некои ситуации кои се чини дека го надминуваат вашето професионално искуство.
Љубов: Партнерот може да ве расположи или да ве ослободи од непотребни грижи. Уживајте, имате вистински партнер на ваша страна!
Здравје: Почнете со физичка активност.

Терезија


Работа: Ви се допаѓаат нечии деловни идеи, но сè уште не сте сигурни во конечниот исход. Избегнувајте варијанта на екстремно однесување и прекумерно расфрлување пред соработниците.
Љубов: Вие реагирате хиперсензитивно на разни мали нешта. Постојат ситуации кои партнерот ги доживува на различен начин. Не ги потиснувајте чувствата во друштво на личност што добро ја познавате.
Здравје: Обрнете внимание на поведри содржини.

Скорпија


Работа: Соработниците имаат позитивен ефект врз вашето расположение. Имате доволно енергија да се вклучите на различни страни. Вие сте доволно способни да ги остварите вашите деловни намери.
Љубов: Ќе уживате во романтична забава за двајца. Уживајте во убавите работи со партнерот. Ако во моментов сте сами, опуштете се со пријателите.
Здравје: Вие сте во одлична форма.

Стрелец


Работа: Животната средина реагира позитивно на вашите идеи и некој ве поттикнува да преземете активна улога или да бидете креативни. Важно е да не ги истакнувате вашите деловни идеи без добра причина.
Љубов: Понекогаш во љубовната врска сакате повеќе отколку што е можно, но нема причина да се жалите на вашата сакана личност. Прифатете сè што добивате.
Здравје: Се чувствувате добро.

Јарец


Работа; Вплеткани сте во различни ситуации кои го надминуваат вашето знаење или практично искуство. Важно ви е да бидете различни во однос на вашите соработници.
Љубов: Нема причина да ја одложите средбата со една личност или она што е неизбежно. Важно е да го направите она што го чувствувате.
Здравје: Хронични проблеми.

Водолија


Работа: Вие сте разочарани од нечие однесување и ова ви дава право да преиспитате меѓусебен договор или вашата улога во деловната соработка.
Љубов;Дајте се од себе за да ја задоволите вашата сакана личност во духот на некои необични идеи. Партнерот лесно одговара на вашиот повик и искрено сака да ве задоволи.
Здравје; Усмерете ги мислите во позитивна насока.

Риби


Работа: Некој индиректно ве предупредува да го промените однесувањето, но не придавате посебно значење на личноста за која ве поврзуваат заеднички деловни интереси.
Љубов; Нема потреба да изберете погрешна улога или да го испровоцирате вашиот партнер на нови ривалски односи.
Здравје: Вие сте во одлична физичка форма.