Денеска се празнува Светол Петок, или источен петок.
Првиот петок по Велигден е Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.
Овој ден е еден од ретките петоци во годината кога не се пости.
Светлиот петок уште се вика и Извор на лекувањето, бидејќи денес верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести.
Обичај е за здравје и среќа да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете, да пиете вода и да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта.
Денешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, во некои места на овој ден жените не работат потешки работи, во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден само што овојпат им се наменети на оние кои не напуштиле.
Во некои места овој празник се прославува и како селска слава кога е обичај да се заколе јагне.