Денеска без струја и вода во повеќе делови од Скопје

|

Од ЕВН Македонија известуваат дека денес без електрична енергија ќе останат:

• Во период од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул.Црногорска од бр.13 до бр.21б (општина Ѓорче Петров);

• Во период од 11:00 до 16:00 часот, дел од корисниците кон пекарата и поштата во Лазарополе (општина Маврово и Ростуше);

• Во период од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од ул.ЈНА – дел кај кружниот тек на влезот од градот (општина Куманово);

• Во период од 05:30 до 12:00 часот, корисниците од селата Прждево и Бесвица (општина Кавадарци);

• Во период од 09:00 до 10:30 часот, дел од корисниците од улиците Иван Цанкар, Драгутин Аврамовски Гуте и Корушка (општина Карпош);

Исто така од 08:30 часот денес без вода ќе останат дел од корисниците на булеварот „Трета македонска бригада”.

Причина за прекинот се активности за водоводен приклучок на цевка со пречник ф-200.

Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација” информираат дека прекинот ќе трае до завршување на активностите.