Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј – Еве што треба да направите

ИЗВОРСкопје24
|

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 август. Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј.

Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (Јулијански календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век. Инаку, апостолот пострада маченички во ерменскиот град Албанопол, каде беше и закопан од албанополските христијани. Подоцна, поради чудата што се случуваа на местото каде што се наоѓаа неговите мошти, незнабожците го извадија ковчегот од земјата и го фрлија в море. Но, ковчегот не потона, туку по морето доплови до Липарските острови. А Липарскиот епископ Агатон во едно откровение дозна за ова, ги зеде моштите на апостолот и ги смести во црквата посветена на Св. апостол Вартоломеј. А кога во деветтиот век муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на свети Вартоломеј беа пренесени во Бенвенет. Денеска помолете му се на овој светец за здравје и среќа во животот.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР – Денеска е Св. Марко Крижевчанин.

Бил роден во Хрватска, во 1580 година. Студирал теологија во Рим. Поради неговата побожност бил повикан од страна на надбискупот на градот Острогон во Унгарија Петар Памани, кој го назначил за професор во Трнава. Го проповедал учењето за црквата и верата. Поради тоа бил нападнат од страна на кривоверците кои го затвориле. Од него барале да се откаже од католичката вера. По долги измачувања, во 1619 година кривоверците му ја отсекле главата.