Денеска е спомен на Преподобен Јоаникиј Велики: Големо духовно светило

ИЗВОРСкопје24
|

Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобен Јоаникиј Велики


Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител. Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во сам*тија и по цел ден стоеше на молитва, огр*дувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува.  По в*јничката служба, Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски каде што се замонаши и сиот се пр*даде на подвиг, од којшто не отстапи до длабока старост, до својата см*т. Се подвизуваше над педесет години, и тоа на разни места.

Имаше од Бога изобилен дар на чудотворство: лечеше секакви маки, преминуваше преку вода како по суво, беше невидлив за луѓето кога ќе посакаше, про*окуваше идни настани. Се одликуваше со преголемо смирение и многу кротост. По надворешниот изглед беше голем и силен. Живо учествуваше во судбината на Црквата Божја. Во времето на иконо*орството и самиот најпрво се опр*лести, но си дојде на себе и стана ревносен поб*рник на иконопочитувањето. Му беше голем пријател на Методиј, патријархот Цариградски. Свети Јоаникиј поживеа деведесет и четири години и се уп*кои мирно во Господа, во 846 година. И после заминувањето остана чудотворец.

Светиот свештеном*ченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот


Обајцата ги ракоположи апостолот Тит. Се одликуваа со голема ревност во верата и трудољубивост во придобивањето на незнаб*шците за Христа.