Денеска е Св. маченица Татјана

ИЗВОРскопје24
|

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.

Верниците од православна вероисповест го обележуваат денот на Св. маченица Татјана.

Света Татјана потекнувала од угледно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Таа уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Поради тоа што била христијанка, римските власти ја затвориле.

Потоа била фрлена на лавовите, но тие и се умилкувале, како во времето кога животните живееле во мир со Адам.