Денеска е Свети Нектариј Егински: Се верува дека има исцелителна моќ и им помага на овие луѓе

|

Македонската православна црква (МПЦ) и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Свети Нектариј Егински, грчки монах чии мошти, според бројни сведоштва, правеле чуда. Тој се смета за еден од најголемите исцелители во историјата на христијанството.

Се верува дека тие имаат исцелителна моќ и дека им помагаат на оние кои страдаат од тешки бол ести, особено на оние кои боле дуваат од ра к.

Свети Нектриј бил игумен на еден манастир на островот Егина во близина на Атина. Живеел во средината на деветнаесеттиот век, а поч инал во 1920 година.

Неговиот живот, од првите чекори до неговата см рт, е од големо значење за православните христијани. Животот на овој човек беше постојана бор ба во име на постигнување вистинско знаење и доблест. Житието на свети Нектариј претставува остварување на непоколеблива желба да се најде она за што со сета сила се стремела неговата душа, како приближување кон Бога и Исус Христос. Свети Нектариј Егински е светец заслужен за повеќе од 2.000 чуда.

Според православното верување, луѓето кои боле дуваат од ра к, парализа, Паркинсонова бол ест и боле сти на нервите, бубрезите и очите нашле заздравување кај Свети Нектариј. Во Србија, Институтот за онк ологија и радиологија, го зеле за свој заштитник.

За чудата на свети Нектариј Егински сведочеле многу негови современици и следбеници, а има и бројни исповеди на луѓе на кои тој им помагал.

Манастирот Света Троица, кој овој светец го основал во Егина, го посетуваат аџии од целиот свет, а повеќето од нив не кријат дека нашле исцеление над неговите мошти од кои се излева светото миро.

Верниците доаѓаат во манастирот за да му се поклонат на Свети Нектариј и на неговите мошти да помазаат навлака за перница, пешкир или шамија, кои болните треба да ги носат потоа, како и да земат осветено масло.

Молитва на свети Нектариј, Чудотворец Егински

Кажете ги овие лековити зборови денес:

„О, мирнотечна глава, свети Нектариј, архиепископ Божји! Во време на големо отпадништво и безбожност, си ја просеал со побожност и си ја здробил главата на гордиот сатана, кој не рани. Затоа Христос ти дал дарови за исцелување неизлечивите болести што нè снашле поради нашите беззаконија.Веруваме: праведниот Бог те сакаше, дека заради тебе нè помилува нас грешниците, дека нè ослободува од проклетството, дека нè избавува од болвести и дека неговите страшни и најславното Име, Отецот и Синот и Светиот Дух, се прославува низ вселената, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.”